Информации


Свикана 15-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 15-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.08.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен




Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 15-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  27.08.2018 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен  за II квартал, Јануари – Јуни  2018 година.

2.    Предлог – Буџетски Календар за подготовка на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.

3.    Предлог – Одлука за  донесување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Ресен за период 2017 – 2022 година.

4.    Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата  ,,Преспански јаболкобер 2018’’.

5.    Предлог - Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2018 година.

6.    Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.

7.    Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.

8.    Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2018/2019 година.

9.    Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с.Подмочани за учебната 2018/2019 година.

10. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно за учебната 2018/2019 година.

11. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен за учебната 2018/2019 година.

12. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проектот ,,Реконструкција на улица 1 во с. Наколец’’.

13. Предлог - Одлука за намена на инвестицијата на Проектот ,,Реконструкција на улица 1 во с. Наколец’’.

14. Предлог - Одлука за утврдување на финансиско учество во реализација на Проектот ,,Реконструкција на улица 1 во с. Наколец’’.

15. Предлог - Одлука за утврдување на финансиско учество во реализација на Проектот ,,Реконструкција на мост во с. Лавци’’.

16. Предлог - Одлука за намена на инвестицијата на Проектот ,,Реконструкција на мост во с. Лавци’’.

17. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот ,,Реконструкција на локален пат од с. Дрмени до с. Лавци, Општина Ресен’’.

18. Предлог – Одлука за утврдување на намена на инвестицијата на проектот ,,Реконструкција на локален пат од с. Дрмени до с. Лавци, Општина Ресен’’.

          19. Предлог – Одлука за утврдување на финансиско учество во реализација на проектот ,,Реконструкција на локален пат од с. Дрмени до с. Лавци, Општина Ресен’’.