Информации


Свикана 13-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 13-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 07.06.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен










Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен   (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 13-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  07.06.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Предлог – Програма Ф – Урбано планирање Ф10 - Урбанистичко планирање, Измена и дополна на програмата  за иработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2018 година.

2.    Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на УПВНМ за м.в. ,,Макази,, ЗОНА 3 КО Козјак, општина Ресен, за изградба на објекти со намена на Г2 лесна незагадувачка индустрија.

            3. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2018 година.