Информации


Свикана 64-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 64-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2017 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен


Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 64-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2017 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Предлог – Буџетски Календар за подготовка на Буџетот на Општина Ресен за 2018 година.

2.    Годишен извештај за работата на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2016/2017 година.

3.    Годишен извештај за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2016/2017 година.

4.    Годишен извештај за работата на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – Царев Двор за учебната 2016/2017 година.

5.    Годишен извештај  за работата на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с. Подмочани за учебната 2016/2017 година.

6.    Годишен извештај за работата на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно за учебната 2016/2017 година.

7.    Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2017 година на Општина Ресен.

8.    Предлог – Одлука за давање на трајно  користење на движна ствар – камион за собирање на отпад на ЈКП “Пролетер“ Ресен.

     9. Советнички прашања.