Информации


СВИКАНА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РЕСЕН


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 62-та седница (ВОНРЕДНА) на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.04.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен








Врз основа на член 28  и 29 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на вонредна седница  на

Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 62-та седница (вонредна) на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  25.04.2017 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

 

1.    Преземање мерки и активности во насока на подготвување извештаи во врска со настанатите штети и проценка на истите заради санирање на последиците од елементарна непогода – мраз која ја зафати територијата на Општина Ресен во текот на месец Април 2017 година.

2.    Предлог – Заклучоци во врска со санирањето на последиците и штетите од доцниот пролетен мраз во Општина Ресен.