Администрација

Општинската администрација се организира во следните сектори и одделенија и Територијална противпожарна единица;  

1. Сектор за  правни  и  општи работи   и  јавни дејности:    
1.1 Одделение за правни  и општи работи, и                       
1.2 Одделение за јавни дејности ;    

2. Сектор за финансиски прашања:    
2.1 Одделение за буџетска координација;  
2.2 Одделение за буџетка контрола;            
2.3 Одделение за сметководство и плаќања, и  
2.4 Одделение  за администрирање на даноци, такси и надоместоци;                                                

3. Сектор  за урбанизам, комунални работи,  локален  економски развој и прекугранична соработка:     
3.1 Одделение за урбанизам и комунални работи, и              
3.2 Одделение за локален  економски развој и прекугранична соработка

4. Сектор за животна средина:                
4.1 Одделение за животна средина и управување со отпад                 
4.2 Одделение за управување со води и заштита на природата              

5. Одделение за управување со човечки ресурси;            
6. Одделение за внатрешна ревизија;            
7. Одделение  за инспекциски надзор- Инспекторат;            
8. Територијална противпожарна единица на Општината.





 

1. Сектор за  правни и општи работи и јавни дејности, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- Подготвување на  акти за Советот и Градоначалникот;

- Подготвување на  седниците на советот и седниците на неговите комисии;

- вршење на  стручни работи за советот и градоначалникот;

- ракување со документите на општината и чување се до нивно уништување, односно предавање на Државниот Архив на Р.Македонија;

- мислења  на прописи од аспект на нивна законитост;

- грижа за извршување на одлуките од надлежност на советот;

- информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права;

- канцелариски работи;

- Следење на  состојбите во областа на културата, спортот, социјалната заштита, образованието и здравството во рамките на надлежност на општината;

- примена на законите, подзаконските акти и други  прописи  од областа на јавните набавки;

- следењето и согледувањето на потребите од набавки во општината;

- изготвување на  годишен план за јавни набавки и негова реализација;

- стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки, водење на евиденција и документација во врска со јавните набавки;

- информатичко технички работи;

- работи за возниот парк и други помошно технички работи;

- и други работи во согласност со законите и другите прописи.

 

                                                               

1.1 Одделение за правни  и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- вршење на  работите што се однесуваат на подготвување на нормативните акти (одлуки и други општи акти) од надлежност на Советот односно Градоначалникот

- давање на мислење на прописи од аспект  на нивната законитост кога предлагачи се други органи

- следење на   прописите и нивните измени и дополнувања;

- вршење на  стручни и органициони работи за функционирање на Советот и на неговите тела, односно Градоначалникот на Општината.

- давање на  правна помош на граѓаните

- вршење на  информативни и протоколарни работи за потребите на Советот и градоначалникот

- канцелариско работење кое го опфаќа приемот, отварањето, евиденцијата испраќањето на актите на органите на Општината

- архивско работење

- секретарски работи за Градоначалникот

- информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права;

- работи за возниот парк и други технички работи (одржување на хигиена и достава на пошта);

- примена на законите, подзаконските акти и други  прописи  од областа на јавните набавки;

- следењето и согледувањето на потребите од набавки во општината;

- изготвување на  годишен план за јавни набавки и негова реализација;

- стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки  водење на евиденција и документација во врска со јавните набавки;

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

                                                    

1.2 Одделение  за јавни дејности,  ги врши работите што се однесуваат на:

- следење на состојбата во областите на образованието (предшколско  и основно), културата,  спортот и рекреацијата, социјалната зашита и заштитата на деца и здраствената заштита во рамките на законските надлежности;

- следење на прописите од надлежност на локалната самоуправа и дава мислење од овие области;

- предлагање на   мерки и активности што треба локалната власт да ги превземе во областите на образованието (предшколско  и основно), културата,  спортот и рекреацијата, социјалната зашита и заштитата на деца и здраствената заштита во рамките на законските надлежности;

- координирање на работите помеѓу локалната самоуправа и примарното здравство, образованието, културата, социјалната заштита и другите јавни дејности предвидено со Законот за локалната самоуправа;

- подготовки во областа на заштитата и спасувањето:

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

  

2. Сектор за финансиски прашања,   ги врши работите што се однесуваат на:

- проучување на законските и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјалното-финансико работење;

- изработување на Буџет и  следење на  неговата реализација;

- изработување на Годишна завршна сметка за извршувањето на Буџетот на општината;

- изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;

- изработување на  квартални финансиски извештаи за извршување на Буџетот за тековната година;

- изработување на годишна програма на одделението;

- проучување  и реализирање на прописи од областа на финансиското-материјалното, сметководственото и книговодствено работење како и други општи и поединечни акти за реализација на оваа надлежност;

- управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот;

- подготовка на стратешки план на општината;

- измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;

- контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот;

- спроведува eх-ante-анте и eх-post финансиска контрола;

- подоготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;

- благајничко работење;

- планирање на приходи, нивно утврдување и наплата;

- изготвува прегледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција;

- проучување на законите и подзаконските акти и други прописи од областа на даноците и таксите и се грижи за нивна доследна примена;

- планирање на приходите, нивно утврдување и наплата;

- водење на  евиденција на даночните оврзници;

- идентификација на недвижен и подвижен имот;

- водење на регистар на недвижен и подвижен имот со имиња и адреси на даночните обврзници, вкупна површина и вредност;

- усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со состојбата на недвижности во геодетска управа;

- спроведува постапка за присилна наплата на локални даноци и такси, предлага мерки за нивно унапредувањеи регистрација на имот;

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

  

2.1 Одделениeто за буџетска координација,  ги врши работите што се однесуваат на:

           

- координирање на процесот на подготвување, изготвување, изменување и дополнување на буџетот и на годишни, квартални и месечни буџетски и стратешки планови на Општината и општинските буџетски корисници,

- координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување  и контрола,

- давање предлози за воспоставување/укинување на eх ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси во областа на финансиското управување и контрола,

- задолжително давање на мислење по предлог-актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Општина Ресен  и предлог-актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за Буџетот на Општина Ресен,

- изготвување на План за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологијата за спроведување на Планот кои ги одобрува  Градоначпалникот,

- следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење,

- подготовка на Извештај за реализирани програми и проекти,

- подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола,

- вршење на самопроценски на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола,

- подготовка на Годишниот финансиски извештај

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 
2.2 Одделението за буџетска контрола,  ги врши работите што се однесуваат на:

- контролирање на извршувањето на буџетот,

- контролирање на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување /надзор над целокупниот процес за финансиското управување и контрола,

- контрола на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведува eh ante и ех post финансиска контрола
- вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и др. и нивна усогласеност со Договорот за јавни набавки,

- контрола на изготвување  на информации и извештаи за извршувањето на буџетот,

- контрола на следење  и примена на законската регултатива / закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства од областа на финансиското управување и контрола,

- контрола на расположивоста на планираните средства од буџетот /финансискиот план пред преземање на обврските,

- контрола на плати во Општината и  општинските буџетски корисници

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

2.3 Одделението за сметководство и плаќања, ги врши работите што се однесуваат на:

- спроведување сметководствено  евидентирање    за     извршување на буџетот / финансискиот план и подготвувањето на Годишна сметка и Годишен извештај / билансна состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи,

- Сметководствено евидентирање на основните средства на Општината, евидентирање и наплата  на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночно сметководство,

- буџетското и финансиското известување,

- заштитата на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба,

- изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски извештаи за Буџетот на Општината и нејзините органи во состав, нејзините корисници согласно законските прописи,

- eх- ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пропишаните процедури за сметководствените процеси,

- следење и примена на законската регулатива од областа на сметковдственото, материјалното и финансиското работење,

секојдневно водење на благајнички работи,

- пресметка и исплата на платите на вработените во Општината и општинските буџетски корисници,

- врши усогласување на состојбите во даночната евиденција, сметководство и евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, придонесите и таксите,

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

  

2.4 Одделение за администрирање на даноци, такси и надоместоци, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- прибирање и следење на прибирањето на сопствените приходи на буџетот на општината,

- утврдување и наплата на сопствените приходи,

- администрирање на локалните даноци и комуналните такси на општината,

- усогласување на состојбата во даночната евиденција,

- евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, таксите и подготвува завршна сметка за овие приходи,

присилна наплата на даночен долг, парична казна и камата,

- водење на регистар на недвижен и подвижен имот на општината,

- следење и применување на прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет на недвижности и права, данок на наследство и подарок, и комунални такси,

- водење на  управна постапка и врши и други работи во согласност со закон и други прописи од оваа област и

- пресметува висината на даноците по даночни обврзници

- дава предлози за определување на висината на ставката во согласно со законот

- анализа во областа во која има надлежност  и му предлага на советот, неговите работни тела и  Градоначалникот мерки за решавање

- дава извештаи за состојбата  со висината на    облогот и наплатата

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

3. Сектор  за урбанизам, комунални работи, локален економски развој и прекугранична соработка,  ги врши работите што се однесуваат на:     
                             

- урбанистичко (урбано и рурално) планирање,

- издавање на решенија за градба и одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон,

- уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

- изградба и одржување на комуналните објекти и инсталации, изградба, реконструкција и одржување на улиците, патишта, јавното зеленило, јавното осветлување и друга комунална опрема;

- развој на комуналната инфраструктура и комунални дејности,

- следење на законите и подзаконските акти и прописи од областа на урбанизмот, просторното планирање и уредување, природата и комуналните дејности и нивна доследна примена;

- постапка и изготвува и реализира  општи и поединечни акти од негова надлежност (решенија, одобренија, изводи, протокол,) ;

- заверка на  проекти од своја надлежност;

- давање на мислења на актите од областа на урбанизмот, просторното планирање и уредување,  природата и комуналните дејности од аспект на нивната законитост ;  

- организирање  и спроведување на постапка  за изготвување  и донесување на просторни и урбанистички планови;

- покренува иницијативи и обработка на добиени  иницијативи  за изменување и дополнување  на урбанистички планови, стручно следење на степенот на  реализација на урбанистичките планови ;

- изготвување, следење и реализација на  одлуки, програми, акциони планови и други  акти од надлежната област;

- изготвување и реализација на општи и поединечни акти  во областа на  комуналните дејности во согласност со законите од таа област;

- јавниот простор за паркирање, паркирање и регулирање на режимот на сообраќај;

- изградба и одржување  на сообраќајна сигнализација;

- изготвување на  планови за локален економски развој;  

- иницирање и  утврдување  на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки  за водење на локална економска политика  на општината;

- иницирање  и развивање на  регионална и меѓугранична соработка;

- овозможување на  услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија,  претприемништвото, земјоделството и агроберзата;

- обезбедување на  документациона база  на податоци за потребите на планирањето и програмирање  на економскиот развој;

- координирање и водење на меѓународни проекти;

- остварување на соработка со невладини, меѓународни организации, хуманитарни организации;

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

3.1 Одделение за урбанизам   и комунални работи, ги врши работите што се однесуваат на: 

 

- следење на  законските и подзаконските акти од областа на урбанизмот, посторното планирање и заштитата на животната средина,

- следење на состојбата во областа на урбанизмот на подрачјето на Општината и покренува иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови,

- прибирање  и стручно обработување на  барањата и иницијативите од физички и правни лица за измена на детални урбанистички планови,

- подготвување на  документацијата и информационата основа за покренување постапка за изработка,

- донесување или изменување на детални урбанистички планови на Општината,

- учество  во изработка на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината,

- издавање на одобренија за градба,

- следење на  законските и подзаконските акти од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и истите ги применува,

- работи во врска со организирање, изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици,

- вршење на работите сврзани со јавното осветлување во градот и  населените места на подрачјето на Општината,

- следење на состојбите за уредување и одржување на јавното зеленило,

- вршење  и други работи што со посебни закони за комунални дејности се дадени во надлежност на Општината,

- следење на прописите од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и давање на  мислења по истите од својата област,

- учествува во изготвување на програми и извештаи и ја следи проблематиката од областа на комунални работи, сообраќај, - изградба и одржување на комуналната инфраструктура,

- уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници,

- грижа за изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање,

- регулирање на режимот на сообраќај,

- анализа на состојбата и дава иницијативи за нивно разрешување од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и - одржување на комуналната инфраструктура,

- организирање на работите со јавното осветлување на население места,

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи..

 

 

3.2 Одделение за локален економски развој , меѓугранична соработка ги врши работите што се однесуваат на: 
  

- планирање на локалниот економски развој и  водење на економската политика на општината,

- утврдување на развојните и структурните приоритети, подршка на развојот на малите и средните претпријатија во локално ниво, воспоставување и развој на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерство,

- остварување соработка со меѓународни организации, невладини, хуманитарни и други организации;

- изготвување на проекти и информации за проекти за аплицирање пред домашни институции и меѓународни организации и асоцијации со цел за добивање на средства во функција на развој на Општината;

- изготвување и извршување на планови за остварување и овозможување на услови за поддршка на туризмот, угостителството и занаетчиството;

- следење на  сите законски и подзаконски акти од областа на трговијата, занаетчиството, туризмот, угостителството и истите ги применува,

- анализа на состојбата и иницијативи за нивно разрешување,  

- други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи..

 

 

4. Секторот за животна средина ги врши работите што се однесуваат на:
 

- издавање на дозволи и елаборати за животна средина од локално значење утврдени со закон,

- управуваат со отпад, промоција на искористувањето на отпад, селектирање, компостирање , подигнување на јавна свест

- заштита на животната средина и природата и преземање мерки за заштита и спречување на загадување на водата,

- воздухот и почвата и следење на состојбата во областите

- следење на оперирањето со локалната мониторинг мрежа за Преспанско езеро,

- управување со информативниот систем  и податоците од локалната мониторинг мрежа

- донесува Програмата за заштита од штетно дејство на водите

- предлагање на мерки и активности за подобрување на состојбата во областа на животната средина .

- изготвува периодични и годишни извештаи за влијанијата што ги имаат дејностите и активностите врз животната средина

- следење на имплементацијата на Локален еколошки  акционен план

- предлагање на промени во Локален еколошки акционен план

- организирање на подготовката на нов Локален еколошки   акционен план   на секои 6 години

- подготвување на едногодишен извештај за спроведувањето на Локален еколошки  акционен план  кој треба да се достави до Министерство за животна средина и просторно планирање,

- изработува  годишни програми за управување со Паркот на природа „Езерани“, врз основа на одобрениот План за управување

- врши  планирање и спроведување на мониторингот на биотичките и абиотичките елементи на екосистемот, согласно барањата на Планот за управување

- врши и  други работи утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

 

                                                     

4.1 Одделението за  животната средина  и управување со отпад ги врши работите што се однесуваат на:   

- подготвување анализи и информации за состојбите со животната средина;
- водење постапка за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи;
- водење постапка за одобрување на елаборати за оценка на влијанието врз животната средина;
- спроведување постапка за влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина;
- изготвување и спроведување на годишната програма за животна средина и природа;

- изготвува  периодични и годишни извештаи за влијанијата што ги имаат дејностите и активностите врз животната средина

- подготвување анализи и информации за состојбите со животната средина и природата;

- управуваат со отпад, промоција на искористувањето на отпад, селектирање, компостирање , подигнување на јавна свест

- предлагање мерки за заштита на животната средина и природата;

- подготвува едногодишен извештај за спроведувањето на Локален еколошки  акционен план  кој треба да се достави до Министерство за животна средина и просторно планирање

- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи

                                                    

4.2 Одделение за управување со води и заштита на природата ги врши работите што се однесуваат на:   

- следење на оперирањето со локалната мониторинг мрежа за Преспанско езеро,

- изготвува План за управување и годишни програми за заштита на природата за управување со споменикот на природата Преспанско Езеро по претходна согласност  од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата.

- управување со информативниот систем  и податоците од локалната мониторинг мрежа

- изработува на годишни програми за управување со Паркот на природа „Езерани“, врз основа на одобрениот План за управување

- врши  планирање и спроведување на мониторингот на биотичките и абиотичките елементи на екосистемот, согласно барањата на Планот за управување

- донесува Програмата за заштита од штетно дејство на водите,

- донесува Оперативни планови за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја  и други документи поврзани со управувањето со водите,

- надгледување извршувањето на теренска активности за управување и заштита со Преспанското Езерото согласно закон

- доставување на податоци и информации водоснабдување и одведување и третман на отпадни води заштита од поплави и друго штетно дејство од води

- превземање на мерки за заштита на квалитеотот на водите за капење

- врши и  други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи..

 

 

5. Одделение  за управување на човечки ресурси, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси;

- управување со човечките ресурси и спроведување на надлежности во  следните функционални области: развој на органот, информативен систем за човечки ресурси, односи меѓу вработените, обука и развој, мотивација, организациски развој, селекција, вработување, стручно усовршување и оценување  на државните службеници, грижа за постојан развој на квалитетот и  професионалноста на административните  службеници во органот;

- грижа за примената, утврдување и оценување на усогласеноста на работењето  со законите, подзаконските  и актите на органите на општината од областа на  човечките ресурси вклучувајќи ги оние поврзани со правичната застапеност на заедниците;

- остварување  редовна комункација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;

- учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените;

- следење на развојот на организациската култура во органот;

- соработка и советување со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси;

- изработување  на Предлог–Правилник за внатрешна организација на Општина Ресен и Предлог-Правилникот за систематизација на работните места во  Општина Ресен.

- подготвка на образците за оценување на административни службеници во општинската администрација;

- спроведување на анализа за потреба од обука на административни службеници;

- изработување на нацрт-Годишна програма за обука на административни  службеници;

- следење на  примената на  Кодексот на административни  службеници и по потреба изработува извештаи;

- соработува со Министерство за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација  во однос на сите прашање поврзани со Законот за административни  службеници  и Законот за вработените во јавниот сектор  (работни односи, обуки, оценување и др.);

- водење и ажурирање на електронската база на податоци за вработените и персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација, одржување на  базата на податоци за административни  службеници и доставување на - известувања за настанатите промени во Регистарот на административни  службеници;

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

6. Одделение за внатрешна ревизија, ги врши работите што се однесуваат на:

                    

- вршење на  внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење  на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;

- подготвување на  годишен план за  внатрешна ревизија и по одобрувањето од Градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;

- доставување на извештаи за извршената  внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на општината;

- подготвување на  квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;

- процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори;

- темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола;

- оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик;

- процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризиците;

- давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;

- изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија;

- известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности, за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;

- оценување на значајните фактори  на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за намалување на факторите на  ризик;

- врз основа на анализи од работењето, утврдување и оценување на  економичноста, ефикасноста во работењето на системот за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;

- следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;

- утврдување и оценување на  усогласеноста на работењето со законите, подзаконските  и актите на органите на Општината,

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

7. Одделението  за инспекциски надзор- Инспекторат, ги врши работите што се однесуваат на:

- грижа и вршење на  надзор над примената на законските прописи од соодветна област;

- инспекциски надзор врз изградбата на објекти од инфраструктурата, режимот на  сообраќајот и патиштата;

- грижа за спречување на дивоградбите и покренува соодветни постапки против  бесправните  градби на објекти, односно од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;

- инспекциски надзор на јавната чистота, зелените површини, собирање и транспорт на отпад  односно од областа на комуналните работи ;

- инспекциски надзор на јавните претпријатија кои вршат комунални дејности  за

Општината и на физичките лица кои вршат дејности со дозвола;

- вршење  на инспекциски надзор на прибирањето изворните приходи, локалните даноци и такси

- инспекциски надзор и се грижи за чистотата на животната средина и природата;

- инспекциски надзор над вршителите на угостителска и туристичка дејност од мал обем,

- вршeње на   инспекциски надзор и контрола во образованието и спортот;

- вршење надзор во согласност со Законот за домување.

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.

 

 

8. Територијална противпожарна единица, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- гаснење на пожари во општината

- отстранување на непоредна опасност за настанување на пожар

- спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозен од пожари и експлозии

- укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации

- извршување на други работи при несреќи и непогоди

- заедно со територијалните противпожарни единици во РМ утврдени со закон дејствуваат како против пожарни единици на  Република  Македонија, заради оперативно делување при гаснење на големи пожари на целата територија на Републиката.

- давање помош кога тоа е побарано при гасење на пожари во други држави.

- водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гасење и интервенции за други настани според единствената методологија и известување до Дирекцијата за заштита и спасување и Општината.

- периодично испитување и проверка на  исправноста на противпожарната опрема со која располага

- тековна проверка и одржување на механиката

- Врши и други работи шт ке му бидат доверени