Претседател




Др. МЕТОДИЈА ПАШКОВСКИ е роден на 22.05.1961 година во Ресен.

Оженет и има две полнолетни ќерки. Основно училиште завршил во с. Перово и с. Царев Двор, средно образование гимназија во Ресен. Дипломирал на Медицински факултет во Скопје каде завршил специјализација по Педијатрија. Работел во ЈЗУ Здравствен дом Ресен, како лекар во рурална амбуланта, во хитна служба, домашно лекување и во Детски диспанзер. Основач е и директор на ПЗУ ДР Пашковски – специјалистичка ординација по педијатрија со биохемиска лабараторија. Бил директор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен. Бил Претседател на Општински одбор на Црвен крст Ресен. Активно го познава и користи Англискиот јазик.