Биографија


Кратка биографија на градоначалникот на Општина Ресен

Д-р Живко Гошаревски е роден на 03. 11. 1973 година во Ресен.

Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје (2001-та година).

Професионалниот ангажман го започнал во 2003-тата година во ПЗУ Д-р Живаго, чиј основач и управител е токму тој. Во рамки на својата професионална кариера, учествувал на повеќе семинари од сферата на стоматологијата, за унапредување на сопственото знаење.

Активно се служи со англискиот јазик,а пасивно го владее францускиот јазик.

Во  периодот од 2013-2017 е советник во Советот на Општина Ресен од редовите на СДСМ.

Во потенцираниот период учествувал и на повеќе семинари од областа на политиката.

Со победата на изборите од 15.10.2017 во првиот круг, започнува неговиот мандат за градоначалник на Општина Ресен.

Оженет е со Билјана (вработена во Заводот за рехабилитација на неспецифични респираторни заболувања во Отешево) и родител на четири малолетни деца: Ангела, Михаил и  близнаците Благој и Андреј.