Почетна


Решение за свикување на 45та седница


Претседателот на Советот на општина Ресен ја свикува 45-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 26.02.2020 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.






ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на записникот од 44- та седница

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период(кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година.
  2. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2020 година.
  3. Предпог-Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар , Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила - Битола
  4. Предлог - Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на УПВНМ Ј1ЕЈКВЈУ за Изградба на хотелски комплекси и мали комерцијални и деловни намени КП119, КП 120,КП121 м.в.,,Воденица ,, и дел од КП 116 м.в.Дебела Шума КО Отешево; (за изградба на објекти со намена Б1,Б5, Д1,Д2,) Општина Ресен.
  5. Предлог -Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект-викенд куќа на КП бр. 153/9 во КО Претор, на барање на Костадин Христов од Битола, ул. „Илинденска“ бр.99
  6. Предлог-Одлука за Отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП ЗА ДЕЛ ОД УЕ2 И ЗОНА 1, БЛОК 8 во Ресен Општина Ресен
  7. Дополна на Предлог Програмата за Ф - Урбано планирање Ф10 - Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2020 година
  8. Предлог-Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р. Македонија на подрачјето на Општина Ресен за 2020 година
  9. Предпог-Одлука за одредување на вредноста на градежно неизградено земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.
  10. Предлог-Одлука за редовно ажурирање на ,,Процената за загрозеноста на подрачјето наОпштина Ресен од сите ризици и опасности,,.
  11. Извештај за работата на Советот на Општина Ресен за период 2019 година.
  12. Барање за поставување на улично осветлување од граѓани од ул.,,29-ти Ноември,, -Ресен.

Бр.08- 428/1 19.02.2020 година Ресен                   Претседател: Станковски Никола