Целта на оваа манифестација е на едно место да направи спој на трацијата и убавините на преспанскиот регион и истиот да биде значаен дел од туристичката мапа.
Манифестацијата вклучува богата културно уметничка програма со голем број на музички групи од земјава, Грција и Албанија, панел дискусија на тема „Преспа- искуства и можности„ како и веќе традиционалната велоспитедска тура „Тур Де Галичица“.
Во склоп на манифестацијата ќе има и дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени“ од Преспа, турнир во одбојка на плажа и игри и забава за најмладите.
Организатори на целиот настан се Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike.
Како партнери се јавуваат „ЕУзаТЕБЕ“, „Агенција за млади и спорт“, „Spirit of Prespa“, „Преспа ГРАД“, „Еко Герила“, Regional Rural Development Standing Working Group „SWG“ и „German Society for International Cooperation“- (GIZ)
Во продолжение следуваат сите детали за манифестацијата
15.06 сабота, “Lake view”, Отешево .....
18:00 - 19:30
Панел дискусија: "Европски придобивки за регионот Преспа - искуства и можности"
20:00 – 01:00
Нокаут
БЛА, БЛА, БЛА..
Anima Nation (GR)
Инстинкт
Реприза
Екстраваганца
>Влезот е бесплатен за целиот настан! <
......16.06 Недела, “Lake view”, Отешево.....
10:00 - Tour de Galichica
10:30 - Садење дрва на иднината
.......16.06 Недела, ДУПЕНИ Beach .......
12:00 – 17:00
- Вкусот на Преспа – Дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“
- Презентација на локални органски производи
- Презентација на локални производи од јаболко
- Турнир во одбојка на плажа
- Фолклорен танц на КУД „Таше Милошевски“
- Игри и забава за најмладите