Почетна


Во кабинетот на градоначалникот Гошаревски, „СОС Балкан Медиа“ со свечени подароци за херојот Васил Јанкула


По повод големиот подвиг на Васил Јанкула, кој со својот велосипед ја заобиколи нашата држава, во кабинетот на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС Балкан Медиа“ во знак на почит му додели пригодни подароци.


Сашо Денесовски, претседател на „СОС Балкан Медиа“ и членот на бордот, Васко Паскали, на Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски му врачија телевизори но и други пригодни подароци.

„Наша цел е и во иднина да ги поддржуваме ваквите големи херои кои докажуваат дека сите сме исти“- истакнаа од здружението „СОС Балкан Медиа.