Почетна


Свикана 29-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 29-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.05.2019 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.





Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 29-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.05.2019 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                          - Усвојување на записникот од предходната седница

                            

 

 

 

1.    Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.

2.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2019 година.

3.    Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски.

4.    Предлог – Одлука за отстапување  и пренесување на правото на сопственост  на патничко  моторно возило на ЈКП „ Пролетер“ Ресен.

5.    Предлог – Одлука за донесување на Програма за пределно и партерно уредување на Паркот на природата Езерани.

6.    Предлог – Програма за измена и дополна на програмата Ф – Урбано планирање Ф10 - Урбанистичко планирање изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2019 година.

7.    Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на УПВНМ  ЛЕЈКВЈУ  за изградба на хотелски комплекси и мали комерцијални и деловни намени  КП119 м.в.,,Воденица ,, и КП 37/2 м.в. ,,Дебела Шума’’ КО Отешево; (за изградба на објекти со намена Б1,Б5,В2,Д1,Д2,) Општина Ресен.

8.    Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД за изградба на објект за производство на електрична енергија- фотоволтаична централа на КП бр.4562, КП бр.4560, КП бр.4559/1 и КПбр.4559/2 м.в. ,,Црвен,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).

9.    Предлог – Одлука Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД за изградба на објект за производство на електрична енергија - фотоволтаична централа на на КП бр. 2562, м.в. ,,Трајкова Куќа,,  КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).

10. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП ЗА ДЕЛ ОД УЕ2 И ЗОНА 1, БЛОК 8 во Ресен, Општина Ресен.

11. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП УЕ3 ЗА ДЕЛ ОД  БЛОК3 во Ресен, Општина Ресен.

12. Предлог – Одлука за утврдување на намена на инвестиција на проектот "Реконструкција на локален пат од спој со Р-1308 до с. Курбиново".

13. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот "Реконструкција на локален пат од спој со Р-1308 до с. Курбиново".

14. Предлог – Одлука за за учество во спроведување на проектот „ Јакнење на културно- туристичките производи во прекуграничната област преку промоција на природнито и културното наследство “ Краток наслов - „Светите води“.

15. Извештај од работната група на Советот на Општина Ресен за состојбата со откупот на јаболка.

16. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Ресен за 2018 година.

17. Извештај за реализација на Програмата за културни активности и одржување на објекти што се финансираат од буџетот на Општина Ресен за 2018 година.

18. Годишен план за вработување за 2020 година на Дом на Култура ,,Драги Тозија’’ - Ресен.
19.Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на ЈКП Пролетер - Ресен.