Почетна


Свикана 24-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 24-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.12.2018 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.





Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 24-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.01.2019 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                          - Усвојување на записникот од претходната седница        

 

  1. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Ресен.

  1. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Ресен за 2019 година.

 

  1. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р. Македонија на подрачјето на Општина Ресен за 2019 година.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект-бензинска пумпа на КП бр.384/2 во КО Стење, на барање на Дамјан Павлов од Скопје, ул. „Бојмија“ бр.9.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект-бензинска пумпа на КП бр.1753 во КО Љубојно, на барање на Јосиф Митревски од с. Љубојно, Ресен.

  1. Информација  за воведување на регулаторна тарифа за водните услуги во ЈКП ,,Пролетер’’ – Ресен за периодот 2019-2020 година.


  1. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиски средства за набавка на екстра лесно ЕЛ 1 гориво за средното образование.

Советнички прашања.