Почетна


ЈАВЕН ПОВИК


Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18), Градоначалникот на Општина Ресен објавува







ЈАВЕН ПОВИК

До доверителите на Општина Ресен и доверителите на единките корисници основани од Општина Ресен, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

 Се повикуваат доверителите на Општина Ресен и доверителите на единките корисници основани од Општина Ресен, од областа на образованието, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е заклучно со 31.12.2018 година.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација: • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Ресен и доверителот • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Ресен : www.resen.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е заклучно со 31.12.2018 година. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Ресен и доверителите на единките корисници основани од Општина Ресен од областа на образованието, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања '' ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Ресен.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во писарницата на Општината Ресен (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на Плоштад.„Цар Самоил“ бр.20, 7310 Ресен.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 047 551 484 - Сектор за финансиски прашања, или на електронската адреса: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Ресен до 31.01.2019 година ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Ресен ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18).

број   09-2389/1                                                                                 ГРАДОНАЧАЛНИК

од 07.12.2018 година                                                                    НА ОПШТИНА РЕСЕН,       

Ресен                                                                                              Живко Гошаревски, с.р.