Почетна


Свикана 11-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 11-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.04.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен








Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен   (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 11-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  30.04.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2018 година.

2.    Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2018 година на Општина Ресен.

3.    Предлог – Одлука за избор на командир на Полициска станица – Ресен.

4.    Програмa за изведување на еднодневна екскурзиja со учениците од трето одделение во учебната 2017/2018 година во ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно-Ресен.

           5. Советнички прашања.