Почетна


ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА РЕСЕН


Денес се одржа состанок на Кризниот штаб на Општина Ресен за превенција и справување со Коронавирусот. На состанокот беше презентиран Оперативниот план за справување со Коронавирусот, како и активностите кои произлегуваат од истиот.


Констатирано е дека мерките кои се преземаат од надлежните служби, прикажуваат дека успешно се справуваме во овие моменти со коронавирусот.

 Од денешниот состанок,  во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:

•             Се упатува известување до сите маркети, економски оператори и угостителски објекти на територијата на Општина Ресен, дека ќе може да вршат достава на храна и намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Ресен на следната електронска адреса

sekretar@resen.gov.mk или на телефонски број 070/368-001, најдоцна до утре (четврток) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.

•             Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса

sekretar@resen.gov.mk или на телефонски број 070/368-001, најдоцна до утре (четврток) до 12 часот.. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Ресен и СВР Ресен.

•             Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки кои работат на територијата на Општина Ресен да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите кои се наоѓаат пред објектите на банките.

•             Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.

•             Се упатува известување до сите граѓани на Ресен кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на Полицискиот час за време на викендот, да испратат барање со СВР Ресен до утре (четврток) до 12 часот.



Барање-до-КРИЗЕН-ШТАБ.docx