Почетна


Свикана 40-та седница на Советот на Општина Ресен


Свикана е 40-тата седница на Советот на Општина Ресен, ќе се одржи на ден 15.11.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

                                                       

              Ја свикувам 40-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

                                                       

                                                        Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од 39-та седница

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за III квартал, Јануари – Септември  2019 година.

                  

  1. Предлог – План на Програми за развој во Општина Ресен за 2020-2022 година.

  1. Извештај  за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2018 година.

  1. Предлог- Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП УЕ3 ЗА ДЕЛ ОД  БЛОК 3 во Ресен Општина Ресен.

  1. Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД  за  Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на КПбр.4562, КПбр.4560, КПбр.4559/1 и КПбр.4559/2 м.в.,, Црвен,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).

  1. Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД  за  Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на на КП бр. 2562, м.в.,, Трајкова Куќа,,  КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).

  1. Решение за именување на член на Управен одбор во ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ - Ресен.
  2. Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог - Програмата за работа на Совет на Општина Ресен за 2020 година.

  1. Решение за запирање на објавување на  Заклучокот  по  точката Разгледување на основот на распишаните огласи за вработување објавени од страна на Општина Ресен на ден 14.10.2019 година.
  2. Решение за запирање на објавување на Заклучокот по Измената и дополнување на План за вработување за 2019 година на Општина Ресен.