Почетна


Најмладите џудисти гости кај градоначалникот Гошаревски


Денеска гости во кабинетот на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски беа најмладите џудисти од џудо клубот “Преспа“.

Повод за гостувањето беа големиот број на медаљи и награди кои ги освоија џудистите на меѓународниот џудо турнир „Струга Опен 2019“ во Струга кој се одржа на 22-ри јуни оваа година.

Во исто време џудо клубот „Преспа“ освои и пехар за најуспешен тим на турнирот.

Градоначалникот Гошаревски им го честиташе успехот на младите џудисти и за постигнатиот успех им врачи „Признание за постигнатите успеси и успешна промоција на Преспа“, а во исто време им посака во иднина и уште повеќе медаљи, признанија и успеси.