Почетна


Свикана 22-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 22-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.12.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.






Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 22-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.12.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

 

1.    Предлог – Одлука за воспоставување  на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар , Могила и Новаци за учество  во финансирањето на Регионалниот ресурсен  центар за слепи лица и лица со оштетен  вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила – Битола.

 

2.    Финансиски план за 2019 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен.

3.    Финансиски план за 2019 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.

4.    Финансиски план за 2019 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.

5.    Финансиски план за 2019 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.

6.    Финансиски план за 2019 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани.

7.    Финансиски план за 2019 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.

8.    Финансиски план за 2019 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор.

9.    Финансиски план за 2019 година на ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.

 

10. Предлог - Програма за одбележување на значајни настани и личности од Општина Ресен за 2019 година.

 

11. Предлог - Програма за спроведување на културни активности и одржување на објекти што се финасираат од Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.

 

12. Предлог – Програма за унапредување на здравствената и социјална    заштита во Општина Ресен  за 2019 година.

 

13. Предлог - Програма ЈФ - Изградба на сообраќајна сигнализација на подрачјето на Општина Ресен за 2019 година.

 

14. Предлог - Програма за ЈГ-изградба на системи за водоснабдување ЈГ0-водоснабдување со вода за пиење во населените места кои несе приклучени на регионалниот водовод во Општина Ресен за 2019 година.

 

15. Предло - Програма ЈИ-изградба на канализациони системи ЈИО-изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2019 година.

 

16. Предлог - Програма Ф-Урбано планирање Ф10-Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2019 година.

 

17. Предлог - Програма ЈД-Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување  и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2019 година.

 

18. Предлог - Програма ФА-уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Ресен за 2019 година.

 

19. Предлог – Програма за заштита и благосостојба на животните  - тртман на бездомни кучиња, нерегестрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини, без присуство на сопственикот за 2019 година.

 

20. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект-бензинска пумпа на КП бр.56/2 во КО Сливница, на барање на Сашо Митревски од Скопје, ул. „Црноризец Храбар“ бр.12А.

 

21. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект-придружни објекти на КП бр.56/2 во КО Сливница, на барање на Сашо Митревски од Скопје, ул. „Црноризец Храбар“ бр.12А.

 

 

 

22. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект на КП бр.36/1 во КО Претор, на барање на Наумче Апостоловски од Скопје, ул. „Козле“ бр.88А/1-10.

 

           23. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – ППА.