Почетна


ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС


Со цел обезбедување на целосна транспарентност, јавност и отчетност во планирањето и трошењето на средствата од Буџетот на Општина Ресен, Градоначалникот на општината Ресен објавува






Се повикуваат сите заинтересирани невладини организации, здруженија на граѓани и други правни лица н територијата на Општина Ресен да достават програма со финансиска конструкција за финансирање на програмски активности кои можат да бидат финансирани од Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
Со цел навремено предвидување и правилно распоредување на финансиските средства, сите заинтересирани страни треба да ги достават програмата и финансиската конструкција најкасно до 07.12.2018 година (петок) во архивата на Општина Ресен.