Почетна


ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК


Јавна набавка за прибирање на понуди за набавка на возило реф.бр.Т.Д. 1.4.3-1.2/2018, Врз основа на Договорот меѓу Општина Ресен и Швајцарската Конфедерација застапена од Федералниот оддел за надворешни работи со реализација преку Швајцарската Амбасада во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка за реализација на Проектот за реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро, Општина Ресен објавува








Во рамките на проектот за Реставрација на екосистемот на Преспанско Езеро една од активностите претставува спроведување на мерки за зацврстување на капацитетите на Општина Ресен и на ренџерската служба за имплементирање на Програмата за пределно и партерно уредување на Езерани Парк на Природа.

Право да достават понуда имаат сите заинтересирани домашни понудувачи, кое се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот.

                Подигањето на тендерската документација може де биде лично од Општина Ресен или по електронски пат.

                Краен рок за поднесување понуди и отварање на понудите е на 28.11.2018 година (среда) во 14.00 часот.

                Лице за контакт: Симе Ќоропановски, тел. 078 848 981, емаил: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk