Почетна


Јавен повик


за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Ресен






Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија и процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а преку оспособување на граѓанските организации активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Проектот ReLOaD работи со пет партнерски општини: Куманово, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Струмица, на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Општина Ресен објави јавен повик во рамките на ReLOaD проектот за предлог проекти од граѓанските организации. Повикот беше објавен на 24ти октомври 2018 и ќе трае до 5ти Декември 2018,  при што евалуацијата на  пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи после 10ти декември 2018 година. Евалуацијата се очекува да трае не повеќе од 2-3 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти. 

За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD проектот, општина Ресен во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој е објавен во општина Ресен.

Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:  

  • ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
  • ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
  • ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
  • во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
  • ќе го потпише извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.   

Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно со Законот за асоцијации и фондации. Пожелно е кандидатот да има:

  • претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
  • искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;

Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат на ruzica.perevska@resen.gov.mk :

  • писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
  • Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.

Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа / без финансиски надомест. Проектот ќе ги надомести основните трошоци, како што се патните трошоци и лесен оброк. 

Граѓанската организација во која избраниот кандидат е член и/или постојано вработен НЕ МОЖЕ да аплицира (ниту како носител ниту како партнер на носителот) на јавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општинa Куманово.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20 ноември 2018 до 17:00 часот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај Ружица Перевска (ruzica.perevska@resen.gov.mk ).