Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’
бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 18-та седница на Советот на
Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 12.10.2018 година (петок) во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од претходната седница
1. Предлог - Одлука за намера за реализација на проект за подобрување на нивото и квалитетот на
општинските услуги - “Реконструкција на улици во
градот Ресен“ по пат на задолжување во МСИП2.
2. Предлог –
Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изработка на
техничка документација – основни проекти за инфраструктура за Финско Село на
место викано Маркова Нога, Општина Ресен.
3. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2018 година на
Општина Ресен.
Предлог - Решение за формирање на Комисија за
изработка на Предлог -Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2019
година.