Почетна


Оддржан состанок за продолжување на прекуграничната соработка со НП Преспа, Албанија


Денес, во малата сала на Општина Ресен, беше одржан состанок со претставниците на раководното тело на НП Преспа од Албанија, меѓу кои и директорот на НП Преспа, г-дин Михалајч Чирјо.








Во Општина Ресен,  посетителите беа пречекани од секретарот на Општина Ресен, г-дин Јоне Димовски, раководителот на секторот за животна средина на Општина Ресен, г-дин Ајман Алмалла, и вработените во секторот за животна средина.

Целта на одржаниот состанок беше да се истакнат ставовите на двете страни, како управувачки тела на Споменикот на природа „Преспанско Езеро“, за потпишување на меморандум за заедничка соработка со цел подигнување на нивото на конзервација и подобрување на управувањето со природните богатства.

На состанокот беа произнесени сите активности кои се спроведуваат од двете страни, а се однесуваат на заштитата на животната средина. Притоа, јасно беше истакнат фактот дека е неопходна заедничка соработка, со цел добивање јасна слика за ситуацијата на еко системот на Преспанското Езеро.

Секретарот на Општина Ресен, Јоне Димовски, ја истакна улогата и поддршката од страна на Општината за реализација на сите идни активности.

Беше договорен нареден состанок, кој ќе се одржи на територијата на Р. Албанија, во септември 2018 година, а ќе е со цел да се продскутираат и дефинираат областите во кои заеднички може да се дејствува со цел постигнување одржливост и развој на регионот.





j