Почетна


Свикана 14-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 14-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.07.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен




Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 14-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  30.07.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2018 година.

2.    Предлог – Одлука за набавка на основно средство – патничко моторно возило.

3.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на  недвижна  ствар на Министерство за труд и социјална политика-Центар за социјална работа Ресен.

4.    Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање Локален совет за превенција.

5.    Предлог – Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот центар за подршка на слепи лица и лица со попреченост во видот.

6.    Предлог – Одлука за донесување на Акциски план за вклучување на јавноста за Општина Ресен.

7.    Предлог – Одлука за  донесување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Ресен за период 2017 – 2022 година.

8.    Предлог – Одлука за начинот на користење и определување на висината на надоместокот за капацитетите на Парк на Природа Езерани.

9.    Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за начинот на користење и определување на висината на надоместокот за услугите на Мониторинг Центарот во с. Стење.

10. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски придонес кон потпроектот ,,реконструкција на плоштад Цар Самоил и пешачка улица Гоце Делчев и воспоставување на туристичко биро во Општина Ресен’’.

11. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен.

12. Извештај  на Секторот за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и прекугранична соработка за 2017 година.

13. Годишен извештај за работата на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2017/2018 година.

14. Годишен извештај за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2017/2018 година.

15. Годишен извештај за работата на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2017/2018 година.

16. Годишен извештај  за работата на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с.Подмочани за учебната 2017/2018 година.

           17.Годишен извештај за работата на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно за учебната 2017/2018 година.