Почетна


16-то издание на Актерот на Европа


Во Петок, 6-ти Јули 2018 во 21:00 часот ќе се започне 16-тото издание на традиционалниот фестивал Актерот на Европа, во периодот од 6-ти до 11-ти Јули. На свеченото отворање наградата Актер на Европа ќе биде доделена на Селма Алиспахиќ од БиХ. Манифестацијата ќе се оддржи во дворот на Домот на културата Драги Тозија (Сарајот)








Фестивалот “Актерот на Европа”  започна со оддржување во 2003 година, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”. По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот.

Почнувајќи од далечната 2003 година, кога за Актер на Европа беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, продолжувајќи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија од Хрватска, Милена Зупанчиќ од Словенија и Марсел Бозоне од Франција

Во прилог, програма за фестивалот Актерот на Европа 2018

06.07.2018


Официјално отворање 21:00ч

Локација „Сарај“ Ресен

- Говор на Градоначалникот на Ресен Д-р Живко Гошаревски
- Говор на почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага
- Говор на Претседателот на жирито Мето Јовановски
- Говор на Претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш
- Прогласување на Селма Алиспахиќ за Актерка на Европа 2018
- Селма Алиспахиќ – Актерка на Европа (видео презентација)
- Обраќање на добитничката на наградата Селма Алиспахиќ (БиХ)
- Прогласување на добитниците на Клучевите на Преспа:
 Луиза Винтон, (САД)
 Вангел Мачковски (Шпанија, Македонија)
- Прогласување на добитниците на Големата Повелба „Балканот – Срцето на Европа“:
 Петрос Папасарантопулос (Грција)
 Љупчо Арсовски (Македонија)
 Башким Шеху (Албанија)
- Музички настап на Вангел Мачковски со класици од светското музичко наследство.  

 

07.07.2018  „Сарај“


21:00ч


„Жените на Ибзен“ – Текст по мотиви на делата на Хенрик Ибзен (Словенија)


Адаптација и изведба: Мирел Кнез
Режија: Нико Горшиќ
Кореографија: Урша Рупник
Лектор: Барбара Рогељ
Дизајн на светло: Кристијан Виднер
Сценографија: Зала Калан
Фото: Паскал Карлос

Приказ на три женски ликови од  ибзеновите драми Елида, Нора и Хеда,низ нивните умствени и психолошки процеси, проблеми и околности – некогаш и сега.   


22:00 ч


„Женска утопија“ – Текст по мотиви на драмите на Јордан Плевнеш


Адаптација, режија и изведба: Димитрина Мицкоска (Македонија)
Гласот на Абдула: Димитар Ѓорѓиевски
Видео и монтажа: Христијан Конески
Технички соработници: Саша Нацевски, Томе Темелкоски, Горан Трајкоски

Ново видување на женските ликови на Плевнеш преку светогледот на актерката. Репликите од драмите се извадени и изместени од оригиналниот контекст и креирани се пет нови лика, судбини на жени од светот и времињата, сместени на едно место, денес, затоа што “човечкото тело ја крие стварноста, стварноста тоа е душата.”
 

08.07.2018

 

21:00ч


Дони Дарк - Текст по мотиви на драмата „Пеперутките се слободни" од Леонард Герш.


Адаптација и режија: Роберт Ристов (Театар Комедија Скопје - Македонија)
Настапуваат: Даријан Петров, Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски

Виолончело: Дејан Цветковски
Музика: Гаро Тавитјан
Сценографија: Инес Петрова Бошкоска
Костими: Елена Лука
 
Претставата раскажува за млад човек со дисфункција на сетилото за вид и процесот во кој тој се осамостојува од семејството и проблемите кои притоа ги надминува.

 

 

09.07.2018

 

 21:00ч


"Очај.ан.и.е"  - Теодора Георгиева, според мотивите на драмата „Слугинки“ од Жан Жене


Режија: Магдалена Славчева (Бугарија)
Настапуваат: Никол Султанова, Беатрис Благоева
Сценографија: Викторија Андрекова
 
Изведба на класичното дело на Жене за двете сестри слугинки кои замислуваат како да ја убијат нивната господарка.
 
10.07.2018


21:00ч


„Пеколот на Агамемнон“ - Васили Лаерти (Албанија/Грција)


Метамонолог - триптих на три јазици: албански, грчки и англиски, работен врз основа на есејот на Исмаил Кадаре "Пред бањата".
 
21:30ч


КЕПЛЕР – 452Б - Тијана Грумиќ (Театар Бора Станковиќ – Врање, Србија)

Режија: Југ Ѓорѓевиќ
Настапуваат: Јелена Филиповиќ, Радмила Ѓорѓевиќ, Ненад Недељковиќ, Бојан Јовановиќ
Костимограф: Велимирка Дамјановиќ
Композитор: Јулија Ѓорѓевиќ
Мастеринг и пост продукција на звук: Горан Бугариновски
Сценограф: Југ Ѓорѓевиќ и Велимирка Дамјановиќ

Кеплер 452-б, низ интимната исповед на дваесетипетогодишната девојка, симултано ги преиспитува судбините на обичните луѓе, медумските ѕвезди, и ѕвездидте во Вселената.


11.07. 2018

 

21:00ч


„Четири еполети“ – Хачиф Мулиќи (Косово)
Режија: Арта Мулиќи
Настапуваат: Ќендреса Локу, Пенеста Мулиќи, Донике Ахмети
Сценограф: Висар Ахмети
Дизајн на видео и светло: Скендер Љатифи
Кореограф: Хаки Мулиќи
 
Футуристичка драма која ја открива судбината на двајца генерали од спротивни кампови, кои ја преживеале катастрофалната војна.


- Свечено затворање и доделување на наградите