Почетна


ЈАВЕН ПОВИК


Врз основа на Договорот меѓу Општина Ресен и Швајцарската Конфедерација застапена од Федералниот оддел за надворешни работи со реализација преку Швајцарската Амбасада во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка за реализација на Проектот за реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро, Општина Ресен објавува







Јавна набавка за прибирање на понуди

За изградба на атмосферска канализација за дел 2 од ул. „29-ти Ноември“-Ресен (Нова Слога)

     

реф.бр.Т.Д. 1.7.1-4/2018

Во рамките на проектот за Реставрација на екосистемот на Преспанско Езеро една од активностите претставува спроведување на мали инфраструктурни проекти, кои ќе допринесат кон подобрување на системите за управување со отпадни води и спречување на внесување на остатоци од отпад во Преспанското Езеро и неговите притоки. Малите инфраструктурни проекти се засновани на специфичните приоритети на заштита на животната средина во регионот и подобрување на квалитетот на локалното население.

Право да достават понуда имаат сите заинтересирани домашни и странски правни - понудувачи, кое се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот.

Подигањето на тендерската документација може де биде лично од Општина Ресен или по електронски пат.

Лице за контакт: Мише Печенковски, по овластување од Градоначалникот раководител, Маил адреса: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk, моб. 078 451 360.