Почетна


СООПШТЕНИЕ


На ден 25.01.2018 година до Градоначалникот и Советот на општина Ресен беше поднесено барање од Месната заедница на с.Јанковец со архивски број 225/1 за поставување точка на дневен ред на првата наредна седница на Советот на општина Ресен за разгледување на постапка за сеча на огревно дрво во КО Јанковец од страна на МПЦ – Владиката Петар.






Месната заедница и граѓаните на с. Јанковец во интерес на зачувување на животната средина, загрижени од проблемот и последиците што би се појавиле со сечењето на шумата кое би предизвикало долгорочни проблеми на селото од ерозија, поплави, промена на климата, предложи две предлог мерки и тоа:
• Да се информира МЗШВ, како и министерот Љупчо Николовски и
• Да се формира комисија околу проблемот, затоа што МПЦ располага со документација за сеча, за да истата комисија составена од претставници на МЗШВ, Месната заедница и МПЦ заеднички го решат проблемот во интерес на сите.
На прво одржаната седница на Советот на општина Ресен на ден 31.01.2018 барањето на Месната заедница беше ставено на дневен ред и истото беше подржано од страна на Советот на општина Ресен во насока на подршка и и изнаоѓање на решение на ова барање. Истовремено, се задолжуваат стручните служби на општина Ресен за оваа проблематика да се ангажираат за решавање на проблемот. Целосна подршка на Месната заедница и локалното население во с.Јанковец дава и Градоначалникот на општина Ресен, г-динот Живко Гошаревски, со цел да се дојде до најдоброто решение за засегнатите страни.