Почетна


Соопштение од МЗШВ


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети и ќе трае до 25 декември 2017 година.








Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети и ќе трае до 25 декември 2017 година.


Корисници на поддршката за градинарски култури се земјоделски стопанства кои во периодот од 1 март до 25 декември произвеле и проделе градинарски култури во регистриран преработувачки капацитет за зеленчук. Висината на поддршката изнесува 1,5 денар по килограм за сите градинарски култури освен за пиперки и корнишони за кои поддршката изнесува 3 денари по килограм.

Корисници на поддршката за овошни култури се земјоделски стопанства кои во периодот од 26 декември 2016 година до 25 декември 2017 година произвеле и продале овошје во регистриран преработувачки капацитет за овошје.Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.

Исто така, до 25 декември 2017 година се поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведени и продадени праски во преработувачки капацитети во период од 12 до 30 јуни 2017 година и за нив висината на поддршката изнесува 6 денари по килограм.

За произведени и продадени лубеници на регистрирани откупувачи во период од 3 до 15 јули 2017 година висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.

За сите овие намени барањата се поднесуваат до 25 декември, по електронски пат во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Во прилог на барањето се доставува потврда за откупени количини. Обрасците на потврдите може да се превземат од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.