Почетна


Свикана 4-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 4-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.11.2017 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

 

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен   (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам четвртата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.11.2017 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот ,

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  • Усвојување на записникот од втората седница

  • Усвојување на записникот од третата седница

     

  1. Предлог - Програма за одбележување на значајни настани и личности од Општина Ресен за 2018 година.

 

  1. Предлог - Програма за културни активности што се финансираат од Буџет на Општина Ресен за 2018 година.

 

  1. Предлог - Програма за работа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2018 година.

 

  1. Предлог - Програма за активностите на Општина Ресен од областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка за 2018 година.

     

  2. Предлог - Програма за активности на Општина Ресен од областа на образованието во 2018 година.

 

  1. Предлог - Програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Ресен за 2018 година.

     

  2. Предлог - Програма за реализација на активностите на Општина Ресен од областа на заштитата и спасувањето за 2018 година.

     

  3. Предлог - Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.

     

  4. Предлог – Програма за работата на Територијалната противпожарна единица на Општина Ресен за 2018 година.

     

  5. Предлог - Програма за 2018 год.  на  Дом на Култура ,,Драги Тозија’’ -  Ресен.

     

  6. Предлог - Програма  за работата на Општинска Организација на Црвен крст Ресен за 2018  год.

     

  7. Предлог - Програма за изведување на Есенски излет од I до IX одделение     во учебната 2017/2018 год. на ОУ „  Димитар Влахов “с. Љубојно.

     

  8. Предлог - Одлука за учество во спроведување на проектот  ,,Помалку отпад 2’’ Развој на Акционен План за Управување со био-отпад во прекуграничниот регион.

     

  9. Предлог - Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Општи акти за села кои немаат Урбанистички план.

     

  10. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на потребата за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема.

     

  11. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен.

     

  12. Предлог - Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.

     

  13.  Предлог - Оперативна Програма за организирање и функционирање на   зимската служба на подрачјето на Општина Ресен за сезоната 2017 - 2018 година.

     

  14.  Предлог - Програма ЈА-Јавно осветлување Општина Ресен за 2018 година.

     

  15.  Предлог - Програма ЈФ - Изградба на сообраќајна сигнализација на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.

     

     

  16. Предлог - Програма Г1-Локален економски развој на Општина Ресен за 2018 година.

     

  17. Предлог - Програма Г2-Поттикнување на развојот на туризмот во општина Ресен за 2018 година.

     

  18. Предлог - Програма МБ – Прекугранична соработка во Општина Ресен за 2018 година.

     

  19. Предлог - Програма за ЈГ-изградба на системи за водоснабдување ЈГ0-водоснабдување со вода за пиење во населените места кои несе приклучени на регионалниот водовод во Општина Ресен за 2018 година.

     

  20. Предло - Програма ЈИ-изградба на канализациони системи ЈИО-изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2018 година.

     

  21. Предлог - Програма Ф-Урбано планирање Ф10-Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2018 година.

     

  22. Предлог - Програма ЈД-Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување  и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2018 година.

     

  23. Предлог - Програма ФА-уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.