Почетна


Повик за пријавување за обуки за избрани професии во туристичкиот сектор


Во рамки на GIZ LEIWW Програмата на Германското Министерство за Економска Соработка и Развој (BMZ), во тек е имплементација на проектот “Поттикнување на вработливост во туристичкиот сектор“.







Целна група на проектот се повратници од Германија и други земји-партнери, заинтересирани за враќање во нивната земја на потекло и млади невработени лица. Проектот ќе се имплементира во избраните пилот региони:  Преспа/Охрид – прекугранична област на Македониja и Албанија и Шара – прекугранична област на Македонија, Албанија и Косово.

 

Во рамки на проектот се нуди можност за вработување преку неформални програми за квалификација и обука, како и финансиска поддршка за започнување/проширување на мали бизниси.

 

Мерките се фокусирани на туристичкиот сектор, како потенцијален економски сектор, кој може да се спротивстави на социјалните и економски предизвици со кои се соочуваат руралните области во земјите од ЈИЕ.

Преку организираните обуки за:

-       готвачи,

-       пекари,

-       професионални  келнери,

-       бармени и

-       баристи,

ќе се зголемат шансите на обучените за вработување во туристичкиот сектор, а истовремено ќе се одговори на зголемената побарувачка на приватниот сектор од таргетираните региони за овие професии.

 

Повеќе информации за проектот може да најдете на следниот линк: MailScanner has detected a possible fraud attempt from "c:" claiming to be Програми за обука ГИЗ како и на ФБ страната https://www.facebook.com/employmenttourism каде се наоѓа и апликативниот формулар за пријавување на учество.

 

За дополнителни прашања, може да се обратите до:

 

Лилјана Ѓоргиевска       070 414 720; liljana.gjorgievska@giz.de;

Маја Георгиоска   070 384 835; m.georgioska@live.com