Почетна


Започна реконструкцијата на магистралата низ Ресен


Денес започнаа градежно-изведбените работи за реконструкција на магистралниот патен правец Јанковец- Макази, а кој што води низ градот Ресен.








Со овој зафат комплетно ке се реконструира патниот правец што води низ Јанковец, улиците ,,Јосиф Јосифовски", ,,Борис Кидриќ" , ,,Ленинова" и ,,Корчуланска" , како и делот од магистралата што води до сообраќајниот јазол Макази .

Реконструктивните зафати Општина Ресен ги реализира со финасиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за Транспорт и Врски , а изведувач на работите е ГП ,,Илинден" од Струга.Со зафатот ќе се реконструира коловозот на магистралниот пат и ќе се обложи со нов асфалтен слој во должина од околу 5 километри, со што комплетно ќе се заокружи реконструкцијата на Магистралниот пат Битола- Ресен - Буково.Градежните работи се очекува да траат во наредните 60-на дена .