Почетна


Започна пријавувањето на штети од пролетниот мраз


Од денеска до 10 следниот месец земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец. Поднесителите на барања од Општина Ресен, истите треба да ги доставуваат во големата сала на Општина Ресен









Во прилог на барањето земјоделците треба да ја достават следната документација:

фотокопија од личен документ
фотокопија од трансанциска сметка 
фотокопија од документ - доказ за сопственост на земјоделското земјиште (имотен лист)
фотокопија од договор за закуп или концесија

*изјава за користење на имот без право на сопственост на земјоделец поднесител на барање за отштета се пополнува на лице место и истата потоа се заверува на нотар.

Барањата се поднесуваат во големата сала на Општина Ресен секој работен ден од 09:00 до 15:30
 

************

За проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделски стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

Согласно одлуката на Владата, од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.

ПРИЛОЗИ:

Барање - штети од мраз.pdf

Изјава за користење на лични податоци .pdf