Почетна


И З В Е С Т У В А Њ Е


Врз основа на член 8 став 2 од Законот за трговија („Службен весник на РМ“ бр. 16/04....53/16) и член 12 став 3 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/04...71/16), Градоначалникот на Општина Ресен, во смисла на добра соработка и разбирање го дава следново:







 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

1.                  Вршење на трговска, односно угостителска дејност пред деловна просторија може да се врши по предходно добиено Одобрение за користење на простор од страна на Градоначалникот на општината;

2.                  За користење на простор пред деловна просторија се плаќа комунална такса согласно член 2 став 2, член 3 став 1 точка 3 и член 10 став 3 од Законот за комунални такси („Службен весник на РМ“ бр. 61/04...23/16);

3.                  Имајки во предвид дека во 2016 година користевте простор пред деловна просторија за вршење на дејност и доколку повторно сакате да користите, но како не би дошле во ситуација против Вас да се води постапка од страна на инспекциските служби, потребно е до Градоначалникот да поднесите барање за добивање на Одобрение за користење на простор;

4.                  Барањето со потребната документација да го доставите најкасно 5 (пет) дена пред отпочнување на вршење на дејност пред деловна просторија;

Користење на простор пред деловна просторија за вршење на дејност без Одобрение е казниво согласно позитивните законски прописи.