Соопштение: Патот преку Галичица отворен за сообрајќај

Патот преку Галичица отворен за сообрајќај

Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на патниот правец преку Галичица ја информираат јавноста дека од 14 август 2021 година (сабота) градежните активности за рекострукција на коловозот на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум прекинуваат. Со тоа завршува режимот на сообрајќај којшто беше определен до денес и патот е слободен за секаков сообрајќај. 

ЈУНПГ ја потсетува јавноста за Одлуката за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена и забраната за движење по шумските предели низ целата Република, вклучително и на територијата на Националниот парк Галичица.

Со почит,

Јавна установа 

Национален парк Галичица Охрид