Документи за пријавување штети

Почитувани, во прилог ги имате потребните документи за пријавување на штети од елементарната непогода – град, истите можете да ги испечатите, да ги пополните и да ги доставите до просториите на општина Ресен, секој работен ден од 09 до 15 часот заклучно со 29.06.2021 година.

Форумулар за штети

Изјава за вистинитост на податоци

Изјава за користење на туѓо земјиште

Истите документи може да се подигнат и од просториите на општина Ресен доколку не сте во можност да ги испечатите, покрај потребните горенаведени документи во прилог  на истите потребно е да се достават и:

– Фотокопија од имотен лист
– Фотокопија од лична карта
– Фотокопија од трансакциска сметка
– Фотокопија од договор за закуп

– Изјава заверена на нотар дека се наследници или го користат имотот (само за приватно земјиште) за лица на кои не им се завршени правните односи со поделба или префрлување